Спортскиот настан во Кавадарци е дел од предвидената агенда за време на 10-дневниот престој на младите од Украина во Михајлово.
Спортот уште еднаш се потврди како универзален јазик кој ги спојува младите луѓе. Во спортската сала на О.О.У „Димката Ангелов“ во Кавадарци, се одигра пријателски одбојкарски натпревар помеѓу екипата на Одбојкарскиот клуб „Тиквеш 2019“ и гостинската екипа од Украина.
Овој спортски настан е дел од пошироката агенда во рамките на 10-дневниот престој на гостите од Украина во детското одморалиште Михајлово. Главната цел на активноста е преку спортски содржини да се поттикнат дружењето, меѓусебната соработка и размената на искуства меѓу младите од двете земји.
Натпреварот помина во одлична спортска атмосфера исполнета со фер-плеј, силен тимски дух и позитивна енергија, при што младите спортисти покажаа дека ваквите иницијативи создаваат трајни пријателства и мостови за соработка.
Општина Кавадарци и локалните спортски клубови продолжуваат да бидат активни домаќини на активности кои придонесуваат за развој и социјализација на младите преку здрави животни навики.






