ПРВ.мк

Мицкоски: Одговорниот и принципиелниот тим во Министерството за финансии носат резултати

Мицкоски: Одговорниот и принципиелниот тим во Министерството за финансии носат резултати
Jumbo Banner

Премиерот Христијан Мицкоски на Самитот 2025, во организација на „Македонија 2025“, ја оцени работата на досегашната влада и ги претстави главните предизвици со кои се соочува новиот кабинет. Во своето обраќање, тој нагласи дека за успешна реализација на реформите е потребно суштинско менување на работењето, а не само на јавната перцепција.

Одговарајќи на прашањето што го блокира напредокот, премиерот истакна дека политиката најчесто се темели на впечатоци, а не на суштина. „За жал политиката најмногу се темели на перцепција, многу малку на суштина, иако суштината на долг рок ја гради перцепцијата“, нагласи Мицкоски.

Во продолжение, тој го пофали тимот во Министерството за финансии за воспоставената „принципиелна дисциплина“ и правилно фокусирање на расходите, што, според него, ја доведува државата во сегашните стабилни економски параметри: „Посебно сум инспириран и воодушевен од работата на тимот внатре во рамките на министерството за финансии коешто воспостави принципиелна дисциплина и правилно фокусирање и трошење на средствата во буџетот, инаку не не би биле во овие параметри во кои денес се наоѓаме, ако сето ова за кое претходно зборувавме не функционира во еден систем“.

Заклучувајќи, премиерот нагласи дека само дисциплинирано и континуирано однесување може да ја промени перцепцијата на јавноста, која „не секогаш располага со точни информации и често носи одлуки врз основа на чувства“. „Ние кои ги имаме информациите, мораме дисциплинарно да се однесуваме за да можеме на долг рок да ја промениме перцепцијата“, дополни тој.

Самитот „Macedonia 2025“ е годишна конференција организирана од невладината и независната организација Macedonia2025, која што собира бизнис лидери, претприемачи, инвеститори и креатори на јавни политики од регионот и светот. Оваа година Самитот се одржува на 12 и 13 мај 2025 во хотел Skopje Marriott, каде што учесниците ќе имаат можност да присуствуваат на клучни говори, панели за економски развој, дигитална трансформација и иновации, како и на бројни нетворкинг сесии за размена на искуства и воспоставување деловни партнерства. Целта на настанот е да ги мобилизира стручњаците и носителите на одлуки кон зајакнување на економската клима во Македонија и да поттикне долгорочно одржлив развој.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран