ПРВ.мк
Македонија

Мицкоски: Нема причина за прогласување кризна состојба!

Мицкоски: Нема причина за прогласување кризна состојба!
Kristal

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата во овој момент не гледа потреба од прогласување кризна состојба, и покрај економските ризици предизвикани од конфликтот на Блискиот Исток, кој доведе до значително зголемување на цените на нафтата и гасот.

Мицкоски нагласи дека Македонија и понатаму има убедливо најниски цени на нафтени деривати во регионот, што создава притисок во пограничните подрачја, каде граѓани од соседните земји доаѓаат да точат гориво.

  • „Инспекторатот е на терен, нема прекин во снабдувањето. Логично е да имаме притисок во западниот дел на државата – и во Србија е поскапо, во Косово цената варира. Во регионот имаме најниска цена за дизел, слично е и за бензинот. Очекуваме притисок и понатаму, но имаме доволно количини. Разговаравме со компаниите и дистрибутерите. Во моментот нема опасност од недостиг. Цените на светските берзи паѓаат, внимателно ја следиме состојбата“, рече Мицкоски.

Тој најави и средби со ланците супермаркети за да се избегне неоправдано зголемување на цените на храната, нагласувајќи дека Владата нема да дозволи злоупотреби и е подготвена да преземе „офанзивни мерки“ доколку е потребно. Пазарниот инспекторат ќе го следи однесувањето на маркетите со цел заштита на стандардот на граѓаните.

Цените на горивата во Македонија во споредба со регионот

Од 10 март 2026, малопродажните цени на горивата се зголемени, но остануваат пониски од повеќето соседни земји:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95: 79,5 денари/литар (1,289 €)
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 85,5 денари/литар (1,386 €)

Повисоки цени во соседните земји:

  • Бугарија: бензин 1,340 €, дизел 1,440 €
  • Србија: бензин 1,520 €, дизел 1,683 €
  • Грција: бензин 1,811 €, дизел 1,698 €
  • Хрватска: бензин 1,510 €, дизел 1,550 €

Инспекциски надзор и залихи

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, изјави дека се извршени над 300 инспекциски надзори, а кај повеќе од 30 бензиски пумпи било утврдено дека ги потрошиле залихите, но по полнењето продолжиле со работа. Засилени контроли ќе има и кај маркетите, дистрибутерите и увозниците на храна.

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, порача дека Владата е подготвена да реагира доколку кризата се продлабочи:

  • „Ако конфликтот трае кратко, состојбата ќе се стабилизира. Ако продолжи, ќе има последици. Ќе реагираме со ограничување на маржите – 10% и 5%. Доколку кризата се продлабочи, ќе преминеме на замрзнување на цените на основните прехранбени производи.“
SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo