Владата на денешната седница ќе го утврди предлогот за нов јавен обвинител на Република Северна Македонија. Името на кандидатот, како што најави премиерот Христијан Мицкоски, ќе биде соопштено во текот на денот, по што предлогот ќе биде доставен до Собранието.
Премиерот истакна дека јавноста наскоро ќе дознае кој ќе биде предложен за нов јавен обвинител или обвинителка.
„Денеска ќе имаме владина седница и јавноста ќе знае кое ќе биде името на идниот јавен обвинител или обвинителка, по што предлогот ќе биде доставен до парламентот“, изјави Мицкоски.
По утврдувањето на предлогот од страна на Владата, конечната одлука за избор на јавен обвинител ја носи Собранието.


















