Битолчанка на 80-годишна возраст вчера во СВР Битола пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 150.000 денари, 150 евра, 1.300 австралиски долари, како и златен накит.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и ја известило дека нејзината ќерка е повредена во сообраќајна несреќа, при што требало да се направи итна операција, за која требало да се плати.
Откако се договориле, позади зградата во која живее, битолчанката ги предала парите на едно лице, а подоцна сфатила дека е измамена.
СВР Битола информира дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.


















