ПРВ.мк
Македонија

Осуденик со здравствени проблеми ќе ја издржува казната дома – втор случај на куќен затвор со алка на ногата

Осуденик со здравствени проблеми ќе ја издржува казната дома – втор случај на куќен затвор со алка на ногата
Kristal

Управата за извршување на санкциите соопшти дека се спроведува втората судска одлука за замена на казната затвор со куќен затвор со електронски надзор.

Станува збор за возрасно лице со сериозни здравствени проблеми, кое не можело адекватно да се третира во казнено-поправната установа. Остатокот од неиздржаниот дел од казната, во траење од 11 месеци и 28 дена, сега ќе се извршува во домашни услови. Решението е донесено од Основниот суд во Струга.

За следење на казната е поставена алка на глуждот на ногата, а пробациските службеници ќе го известат судот доколку лицето не ги почитува упатствата за користење на опремата или ограничувањата од судската одлука, согласно Законот за пробација.

Одделението за електронски надзор ќе го следи извршувањето 24/7, а пробациската канцеларија од Охрид е во постојана координација со надлежните институции.

Овој начин на извршување е поекономичен за државата, а истовремено похуман за лицето поради неговата возраст и здравствената состојба, велат од Управата за извршување на санкциите.

Минатата година, Основниот суд Велес донесе прва пресуда за куќен затвор во траење од 3 месеци, на старо и изнемоштено лице, што го отвори патот за поширока примена на електронски надзор при извршување на казни.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape