ПРВ.мк
Македонија

МИСЛЕЛА ДЕКА СПАСУВА ДЕТСКИ ЖИВОТ, А ОСТАНА БЕЗ 700.000 ДЕНАРИ: Жена од Македонија паднала на сурова измама!

МИСЛЕЛА ДЕКА СПАСУВА ДЕТСКИ ЖИВОТ, А ОСТАНА БЕЗ 700.000 ДЕНАРИ: Жена од Македонија паднала на сурова измама!

Една прилепчанка останала без огромна сума пари откако, како што пријавила во полиција, била измамена од лице кое преку социјалните мрежи побарало помош за наводно лекување на болно дете.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 14 јули 2026 година во ОВР Прилеп, кога жената раскажала дека неколку месеци претходно започнала комуникација со непознато лице преку интернет.

Лицето ѝ се обратило со молба за финансиска помош, тврдејќи дека парите му се потребни за лекување на неговото болно дете. Верувајќи дека прави хумано дело и дека му помага на семејство во тешка ситуација, прилепчанката во повеќе наврати дала пари.

Вкупната сума која ја предала, според пријавата, изнесува околу 700.000 денари.

Но, по извесно време жената се посомневала во приказната и сфатила дека најверојатно била измамена. Таа случајот го пријавила во полиција, а надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и утврдување на идентитетот на лицето кое стои зад измамата.

Случаите со онлајн измами преку лажни молби за помош стануваат сè почести, а измамниците често ги користат емоциите и желбата на луѓето да помогнат за да дојдат до финансиска корист. Полицијата апелира граѓаните внимателно да проверуваат кому му испраќаат пари, особено кога станува збор за барања преку социјални мрежи.

Најнови вести