ПРВ.мк
Македонија

МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Невреме се приближува кон Македонија - еве што не очекува денес!

МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Невреме се приближува кон Македонија - еве што не очекува денес!

Македонија денес ќе биде под влијание на циклонска активност чиј центар се наоѓа над Џенова, Италија, што ќе предизвика променливо и нестабилно време во текот на целиот ден.

Според метеоролошките најави, времето ќе биде променливо облачно со чести поројни врнежи од дожд, појава на грмежи и засилен јужен и југозападен ветер. Локално се очекува атмосферските процеси да се интензивираат и да преминат во појава на невреме.

Во најизразените подрачја се очекуваат обилни врнежи во краток временски период, силни електрични празнења, засилен ветер и можност за појава на град. Поради ваквите услови, ризикот од локални поплавувања и отежнато движење е зголемен.

Максималните дневни температури ќе се движат од 17 до 23 степени, додека во Скопје се очекува температурата да достигне околу 22 степени.

Метеорологот Славчо Попоски информира дека целата територија на државата денес ќе биде во жолта и портокалова фаза на предупредување, поради очекуваните обилни врнежи, силниот ветер и можноста за невреме.

Тој апелира граѓаните да бидат особено внимателни во случај на силни грмежи, да избегнуваат престој на отворено и под осамени дрвја, како и да се следат сите безбедносни препораки за време на нестабилните временски услови.