ПРВ.мк
Македонија

Малата Евгенија Камчева го донесе првото бебе во Скопје во 2026 година: „Најубавиот почеток на новата година“

Малата Евгенија Камчева го донесе првото бебе во Скопје во 2026 година: „Најубавиот почеток на новата година“
Kristal

Со ударот на полноќ и влегувањето во Новата 2026 година, Скопје ја дочека најрадосната можна вест – раѓање на нов живот. Првото бебе родено во главниот град е девојче и го носи името Евгенија Камчева.

Радосната вест ја сподели и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој преку емотивна порака ѝ посака добредојде на малата Евгенија и упати честитки до мајката Емилија.

„Нов живот, нова надеж и силен симбол за почеток исполнет со радост и вера во иднината. Добредојде, Евгенија – ти си најубавиот почеток на новата година“, напиша градоначалникот.

Тој нагласи дека секое новородено дете е потсетник за заедничката одговорност да се гради подобро, побезбедно и похумано општество, во кое најмладите ќе имаат услови да растат, сонуваат и напредуваат.

Раѓањето на Евгенија ја обележа новата година со порака на надеж, радост и нови почетоци за Скопје и неговите граѓани.

FixCredit
Escape