ПРВ.мк
Македонија

МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА ПОЧНА СО КАЗНУВАЊЕТО: Еве колку чини казната на електричен тротинет со телефон на уво!

МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА ПОЧНА СО КАЗНУВАЊЕТО: Еве колку чини казната на електричен тротинет со телефон на уво!

Полицијата веќе започна со изрекување казни за прекршување на новите правила за управување со електрични тротинети, кои стапија на сила на 14 јули. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, досега се изречени вкупно 12 парични казни, а засега нема одземени електрични тротинети.

Измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата беа објавени во „Службен весник“ на 6 јули, а почнаа да се применуваат осум дена подоцна. Со нив се воведоа нови обврски и ограничувања за лицата кои управуваат со електрични тротинети, а непочитувањето на правилата носи високи парични казни.

Од Одделението за безбедност на патиштата и сообраќајот информираат дека од 14 јули наваму биле изречени три казни за управување со електричен тротинет без задолжителна заштитна кацига. За овој прекршок е предвидена глоба од 50 евра.

Дополнително, полицијата изрекла девет казни за движење со електричен тротинет по површини каде што такви возила не смеат да се движат. За ваквиот прекршок е предвидена парична казна од 80 евра.

Еден од санкционираните случаи се однесува на возач кој користел мобилен телефон додека управувал со електричен тротинет. За ова прекршување на законот е изречена глоба од 100 евра.

Од МВР нагласуваат дека сите досегашни санкции се изречени на полнолетни лица.

Во меѓувреме, иако со закон е забрането малолетници да управуваат со електрични тротинети, изминатиот викенд во Скопје беше пријавена сообраќајна несреќа во која учествувале токму деца.

Според информациите, двајца 15-годишници биле повредени при судир меѓу патнички автомобил и два електрични тротинети. Несреќата се случила во саботата попладне во Скопје, а од Министерството за внатрешни работи информираат дека за случајот се преземаат сите законски предвидени мерки и се работи на целосно расчистување на околностите.

Најнови вести