Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати, кои во просек растат за 0,52 проценти во однос на одлуката од 20 јануари 2026 година.
Според РКЕ, референтните цени на светските пазари бележат пораст: кај бензините за 0,721 отсто, кај дизелот за 2,341 отсто, кај екстра лесното масло за 2,433 отсто, а кај мазутот за 0,569 отсто. Во исто време, курсот на денарот во однос на американскиот долар е понизок за 0,0343 проценти.
Од 27 јануари 2026 година од 00:01 часот, максималните малопродажни цени на горивата ќе изнесуваат:
- ЕУРОСУПЕР БС-95: 72,00 денари за литар
- ЕУРОСУПЕР БС-98: 74,00 денари за литар
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 67,50 денари за литар
- Екстра лесно масло за горење (ЕЛ-1): 66,50 денари за литар
- Мазут М-1 НС: 33,099 денари за килограм
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98 остануваат непроменети. Цената на ЕУРОДИЗЕЛОТ се зголемува за 1 денар по литар, екстра лесното масло за домаќинство за 0,50 денари по литар, додека мазутот поскапува за 0,112 денари по килограм.
Од РКЕ потсетуваат дека станува збор за максимални цени, а трговците можат да ги продаваат дериватите и по пониски цени.

















