Седумнаесетгодишна девојка синоќа го загубила животот откако скокнала од деветтиот кат на зграда во Нови Сад. Несреќата се случила околу 19 часот, а нејзиното тело било пронајдено на тротоарот пред објектот.
Како што информира портпаролот на Заводот за итна медицинска помош, Зоран Круљ, екипата интервенирала по прв приоритет во 18 часот и 56 минути на Булеварот на Ослободувањето.
По пристигнувањето на местото на настанот, лекарите можеле само да ја констатираат смртта.
Надлежните служби вршат увид, а повеќе детали за случајот засега не се соопштени.

















