ПРВ.мк
Македонија

ФИНАНСИСКИ ШОК ВО СКОПЈЕ: Илјадници сметки блокирани – еве што се случува!

ФИНАНСИСКИ ШОК ВО СКОПЈЕ: Илјадници сметки блокирани – еве што се случува!
Kristal

Град Скопје започна со масовна акција која директно ги погодува паричниците на граѓаните и компаниите. Од денеска е активирана присилната наплата за неплатен данок на имот, при што илјадници сметки веќе се наоѓаат под блокада.

Според информациите од градските власти, првичниот бран опфатил над 16 илјади даночни обврзници, за кои банките добиле налог за забрана на располагање со средства. Дополнително, уште повеќе од 23 илјади решенија се подготвени и ќе бидат испратени во наредните денови, со што бројката на засегнати ќе надмине 39.000 лица и компании.

На удар се нашле десетици илјади граѓани, но и речиси две илјади фирми, кои не го подмириле данокот за имот за 2021 година. Вкупниот износ на долг што се обидува да го наплати Градот надминува 148 милиони денари, сума што значително го оптоварува локалниот буџет.

Од администрацијата посочуваат дека уште во декември бил упатен јавен повик за доброволна наплата, по кој дел од обврзниците реагирале и уплатиле околу 20 милиони денари. Сепак, најголемиот дел од долговите останале неплатени, што ја активирало оваа ригорозна мерка.

Граѓаните и фирмите можат да проверат дали се опфатени со постапката преку електронскиот систем на Град Скопје, додека блокадите ќе останат сè додека обврските не бидат целосно подмирени.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo