ПРВ.мк
Македонија

Лажно пријавил дека бил малтретиран од полицајци: Велешанец ќе одговара кривично!

Лажно пријавил дека бил малтретиран од полицајци: Велешанец ќе одговара кривично!
Kristal

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Велес против П.М., поради сомнение за кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“, предвидено во член 366 од Кривичниот законик.

Според полицискиот билтен, на 23.09.2025, П.М. пријавил двајца полициски службеници од ПС за БПС Велес за наводно „малтретирање при вршење на службата“ за време на контрола поврзана со сообраќајната безбедност.

Сепак, снимките од мобилниот систем за снимање на полицијата покажале дека полициските службеници не сториле никакво кривично дело. И покрај тоа што бил предупреден за последиците од лажно пријавување, П.М. сознано и злонамерно поднел лажна пријава, предизвикувајќи интервенција на органите на прогонот.

Со своето дејство, пријавениот го загрозил угледот, честта и правата на полициските службеници, како и нивната слобода и права.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo