ПРВ.мк
Македонија

КОБНА НОЌ: Камион излета во провалија, возачот загина на лице место!

КОБНА НОЌ: Камион излета во провалија, возачот загина на лице место!
Kristal

Тешка сообраќајна несреќа со смртен исход се случила рано утринава на магистралниот пат од Граничниот премин Деве Баир кон Крива Паланка, во атарот на селото Узем.

Според информациите од полицијата, на 21 јануари 2026 година околу 04:50 часот, товарно возило „Сканиа“ со косовски регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот Н.Х. од Косово, излетало од коловозот и паднало во длабока провалија.

Возачот се здобил со тешки повреди и починал на лице место. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

На местото на несреќата бил извршен увид, а телото на починатиот е предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител. Причините за несреќата се уште се утврдуваат.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo