ПРВ.мк
Македонија

СТРАОТНА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Една жена загина, три лица се повредени - полицијата со детали од несреќата!

СТРАОТНА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Една жена загина, три лица се повредени - полицијата со детали од несреќата!
Kristal

Вчера попладне се случи тешка сообраќајна несреќа на локален пат кај село Русјаци, општина Македонски Брод.

Во несреќата животот го загуби 41-годишната К.С.С. од Кичево. Автомобил марка „Цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од нејзиниот сопруг, излета од коловозот и се преврте.

Од здобиените повреди, жената почина на местото на несреќата, а телото е предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител.

Сопатниците, С.С. (69), М.С. (62) и шестгодишно дете, се здобиле со телесни повреди и се пренесени во Општа болница – Прилеп, каде им е укажана лекарска помош.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape