ПРВ.мк
Македонија

Кривична пријава против директорка – МВР излезе со детали!

Кривична пријава против директорка – МВР излезе со детали!
Kristal

СВР Штип – ОВР Делчево поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Делчево против Д.Ц. (53) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ според член 378 од Кривичниот законик.

Истрагата покажува дека пријавената на 1 јуни 2023 година набавила фалсификуван тест за познавање англиски јазик од Бугарија, кој на 29 јуни 2023 година го доставила како дел од документите за јавниот оглас за избор на директор на средното училиште „Методи Митевски Брицо“ во Делчево.

Комисијата констатирала дека Д.Ц. ги исполнува условите од огласот, а врз основа на записникот бил доставен предлог до градоначалникот на општина Делчево таа да биде назначена за директор. На 12 јули 2023 година, градоначалникот донел решение со кое Д.Ц. официјално била назначена за директор на училиштето.

FixCredit
Atensa 300
Escape