Министерството за здравство активно учествува во спроведувањето на Реформската агенда, како дел од пошироките процеси за унапредување на институциите и забрзување на европскиот пат на Македонија.
Во Владата вечерва се одржа состанок посветен на тековните активности, приоритетите и следните чекори во реализацијата на реформските процеси.

Во рамки на своите надлежности, Министерството за здравство учествува со чекорот кој се однесува на контролата на дроги и психоактивни супстанции, област од значење за заштитата на јавното здравје и безбедноста на граѓаните.
Министерот за здравство Сашо Клековски истакна дека секој реализиран чекор во рамки на Реформската агенда придонесува кон поефикасни институции, подобра заштита на граѓаните и побрзо приближување на земјава кон европските стандарди.
Од Министерството за здравство продолжуваат со активна вклученост во реформските процеси и спроведување на мерките кои треба да донесат поефикасен и посовремен здравствен систем.







