ПРВ.мк
Македонија

Класика и стил на „Тиквешки гроздобер 2026“: Недела наутро е резервирана за изложба на олдтајмери во Кавадарци!

Класика и стил на „Тиквешки гроздобер 2026“: Недела наутро е резервирана за изложба на олдтајмери во Кавадарци!

Во рамките на богатата програма за манифестацијата „Тиквешки гроздобер 2026“, третиот гроздоберски ден започнува во духот на автомобилската историја и безвременскиот шарм.

В недела, на 6 септември, со почеток од 10:00 часот, на улицата „Илинденска“ во Кавадарци ќе се одржи традиционалната изложба на олдтајмери. Сите жители и посетители се поканети да бидат дел од овој посебен настан, да уживаат во ретките и атрактивни автомобилски примероци и да ги овековечат убавите моменти со одлични фотографии.

Најнови вести