Во рекордно краток рок од само 29 часа се собрани потребните средства за лекување на млада мајка Ивана, која се бори со тешка болест. Акцијата беше реализирана благодарение на масовната поддршка од граѓаните и онлајн заедницата.
Од платформата за донации ECrowd.mk, д-р Ненад Лазаров истакна дека ова претставува уште еден силен доказ за хуманоста и солидарноста на граѓаните, кои повторно се обединија во момент на потреба.
Случајот уште еднаш ја потврдува моќта на заедништвото кога станува збор за помош на лица кои се борат со сериозни здравствени проблеми.










