ПРВ.мк
Македонија

ХОРОР ВО ГЕВГЕЛИЈА: Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир – се обидел да се качи во движење!

ХОРОР ВО ГЕВГЕЛИЈА: Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир – се обидел да се качи во движење!

Воз му ја прегазил ногата на 30-годишен мигрант од Алжир во Гевгелија, откако се обидел да се качи во воз во движење.

Како што соопштија од МВР, случајот бил пријавен на 05.04.2026 во 18:33 часот во Полициската станица Гевгелија, а несреќата се случила на местото викано „Подвозник“.

– На 05.04.2026 во 18:33 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во Гевгелија, на место викано „Подвозник“, 30-годишен мигрант од Алжир, обидувајќи се да се качи во воз во движење, паднал при што возот поминал преку неговата десна нога. Лицето било пренесено во Медицинскиот центар Гевгелија, каде му се констатирани тешки телесни повреди – информираат од полицијата.

Повредениот веднаш бил згрижен во Медицинскиот центар Гевгелија, каде лекарите утврдиле дека станува збор за тешки телесни повреди.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гевгелија.

Најнови вести