Маж од Скопје бил уапсен откако преку социјални мрежи испраќал вознемирувачки пораки и експлицитни фотографии на жена.
Според информациите од МВР, на 05.04.2026 во 13:20 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.Н. (63) од Скопје.
Тој се сомничи дека на 03.04.2026 година, преку социјална мрежа, ѝ испраќал вознемирувачки пораки и експлицитни фотографии на 36-годишна жена од Скопје.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.










