ПРВ.мк
Македонија

Кавадарци се сеќава: 35 години од смртта на Сашо Гешовски – млад живот кој стана симбол на една тешка епоха!

Кавадарци се сеќава: 35 години од смртта на Сашо Гешовски – млад живот кој стана симбол на една тешка епоха!

Денес се одбележуваат 35 години од смртта на Сашо Гешовски, млад кавадарчанец кој трагично го загуби животот во Сплит, Хрватска. Тој се смета за прва жртва во последните воени настани на Балканот, а неговата судбина и денес останува длабоко врежана во сеќавањето на граѓаните.

По повод годишнината, делегации од локалната самоуправа, меѓу кои градоначалникот, претседателот на Советот и советници, како и претставници од Доброволното противпожарно друштво „Сашо Гешовски“, гарнизонот Криволак, Сојузот на борци и Здружението на бранители С.И.Л.А., положија свежо цвеќе на неговото гробно место и оддадоа почит.

Гешовски останува симбол на едно тешко историско време, а неговото име е трајно врежано во колективната меморија на Кавадарци. Во негова чест е подигнато спомен-обележје со фонтана, а еден од кружните текови во градот го носи неговото име, како постојан потсетник за неговиот живот и жртва.

Градот и неговите жители и по толку години продолжуваат да го негуваат сеќавањето, нагласувајќи дека неговата приказна останува дел од локалната историја и идентитет.

Нека му е вечна слава.

Најнови вести