ПРВ.мк
Македонија

„БОЖЈА КАЗНА“ ВО КОЧАНИ: Сакал да краде од црква, па се заглавил на оградата!

„БОЖЈА КАЗНА“ ВО КОЧАНИ: Сакал да краде од црква, па се заглавил на оградата!

Доцна синоќа во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ во Кочани се случил обид за кражба, кога непознато лице се обидело насилно да влезе во црковниот објект. Настанот набрзо добил неочекуван пресврт и завршил на начин што привлече големо внимание кај локалната јавност.

Според првичните информации, по неуспешниот обид за влегување во храмот, лицето се обидело да побегне од местото. При бегството, осомничениот се заглавил на металната ограда што го опкружува објектот, останувајќи во непријатна и ризична ситуација.

На терен веднаш интервенирале полициски службеници, екипа од Територијалната противпожарна единица Кочани и Итната медицинска помош. Нивната интервенција била насочена кон безбедно извлекување на лицето и стабилизирање на ситуацијата.

Инцидентот се случил во ноќните часови, непосредно пред одбележувањето на храмовата слава на црквата „Св. великомаченик Ѓеоргиј Победоносец“, што дополнително предизвикало вознемиреност кај верниците и жителите на Кочани.

Најнови вести