ПРВ.мк
Македонија

Кавадарци гради и уредува: Се решаваат долгогодишните проблеми со атмосферските води и пешачките патеки

Кавадарци гради и уредува: Се решаваат долгогодишните проблеми со атмосферските води и пешачките патеки

На повеќе локации низ Кавадарци во тек се интензивни активности за унапредување и подобрување на комуналната инфраструктура, со цел подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

На Западен Булевар се изведува нова атмосферска канализација во должина од 120 метри, при што се поставуваат современи коругирани цевки Ф500. Со ова конечно се решава долгогодишниот проблем со задржување на атмосферските води на овој потег при пообилни врнежи.

Паралелно со овие работи, на улицата „Пане Ѓунов“ се врши целосно бетонирање на тротоарот, што значајно ќе ја подобри пешачката инфраструктура, безбедноста на пешаците и општата уреденост на овој дел од градот.

Сите активности се реализираат како сопствена инвестиција и изведба на Ј.П. „Комуналец“ – Кавадарци, во насока на трајно и системско решавање на сите критични комунални точки во градот.