Кандидатот за градоначалник на општина Штип, Иван Јорданов, ја поздрави својата победа на локалните избори, истакнувајќи дека граѓаните покажале политичка зрелост и ја потврдиле довербата во досегашната локална власт.
„Штип направи вистински избор со разлика од над 15.000 гласови, односно со резултат 6:1. Денес испишавме историја за нашиот град. Победи вербата во она што го сработивме, енергијата која секојдневно ја вложуваме и се отвори можност за нови резултати на секое поле“, изјави Јорданов.
Тој нагласи дека новиот мандат нема да носи нова иднина, туку ќе ја продолжи сегашноста што граѓаните ја посакуваат. „Благодарам, мој Штип! Благодарам, мои штипјани!“, порача Јорданов.