Според податоците од Државната изборна комисија (ДИК), излезноста до 18:30 часот изнесува:
- Куманово: 44,84%
- Липково: 39,40%
- Старо Нагоричане: 61,21%
На ниво на цела држава, излезноста до тој момент е 46,65%.
Во Куманово гласањето се одвива на 164 избирачки места, а право на глас имаат 93.889 избирачи.
Во општина Липково, на 36 избирачки места се запишани 26.362 гласачи.
Во Старо Нагоричане, исто така на 36 места, гласаат 3.011 избирачи.