ПРВ.мк
Македонија

ИЗЛЕЗНОСТ ДО 18:30 ЧАСОТ: 46,55 ОТСТО – Првични резултати се очекуваат околу полноќ

ИЗЛЕЗНОСТ ДО 18:30 ЧАСОТ: 46,55 ОТСТО – Првични резултати се очекуваат околу полноќ

Претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко, соопшти дека до 18:30 часот на локалните избори во 2025 година, своето право на глас го искористиле 803.091 граѓанин, што претставува излезност од 46,55 отсто на ниво на целата држава.

 Обработени се 3.287 избирачки места, што е 94,62% од вкупниот број. На нив се запишани 1.721.645 граѓани, информираше Кондарко.

Во споредба со локалните избори во 2021 година, кога излезноста до 19:00 часот изнесуваше 49,98 проценти, годинава интересот е нешто понизок.

Првични резултати од неколку општини:

  • Гази Баба: ВМРО-ДПМНЕ – 1.543 гласа, СДСМ – 527
  • Бутел: ВМРО-ДПМНЕ – 1.422, СДСМ – 276
  • Ѓорче Петров: Односот е приближно 3:1 во корист на ВМРО-ДПМНЕ

Од ДИК посочуваат дека гласањето се одвивало мирно, без сериозни нерегуларности, а финалните податоци за излезноста и неофицијалните резултати од првиот круг се очекуваат по полноќ.

Кандидатката Гордана Сиљановска-Давкова, коментирајќи го изборниот ден, изјави дека очекува изборите да бидат пристојни, фер и демократски.

Escape