ПРВ.мк
Македонија

Изборни нерегуларности и двајца лажни набљудувачи на локалните избори - Не дознавај последен - читај ПРВ.мк

Изборни нерегуларности и двајца лажни набљудувачи на локалните избори - Не дознавај последен - читај ПРВ.мк

Двајца лица се претставувале како набљудувачи, иако не биле официјално вклучени во изборниот процес. Тие беа уапсени во дворот на основно училиште во општина Чаир, откако одбиле да се легитимираат.

Пријавени се и случаи на агитирање при гласање, како и двајца уапсени за изборен поткуп. Во некои општини се регистрирани и гласачки ливчиња испечатени без логото на партијата, што предизвика реакции од Независни заедно кои тврдат дека нивните кандидати се дискриминирани.

Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство тврдат дека изборниот ден поминува мирно, а на терен е засилено присуството на полицијата за да се обезбеди безбедност и ред.

Јавното обвинителство информира дека добило пријави за прекршување на изборниот молк и изборен поткуп во неколку градови, а сите случаи се во процес на проверка. Во Ново Село бил пријавен и случај со погрешно испечатени гласачки ливчиња, за што е известена Државната изборна комисија.

Сепак, бројот на пријавени нерегуларности сеуште не е доволен за да се говори за сериозни кривични дела.

Escape