ПРВ.мк
Македонија

ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Опасни одрони на клучен патен правец - полицијата алармира!

ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Опасни одрони на клучен патен правец - полицијата алармира!
Kristal

Екипи на „Македонија пат“ од рано утро се на терен и активно работат на отстранување голем одрон кој се спуштил врз магистралниот пат А3, на потегот Делчево – Македонска Каменица, во близина на селото Очипала.

Според првичните информации, значителна количина земја и камења се нашла на коловозот, но и покрај тоа, сообраќајот не е целосно блокиран. Движењето на возилата се одвива со кратки задржувања додека екипите го чистат теренот и ја обезбедуваат трасата.

Надлежните дополнително предупредуваат дека ова не е единствениот проблематичен дел – долж целата магистрала се појавуваат одрони, па затоа возачите се повикуваат на максимално внимание и прилагодена брзина.

Escape