Ловочувари од Ловечкото друштво Велес слушнале истрели од огнено оружје во близина на велешкото село Клуковец, по што излегле на терен поради сомнение за незаконит лов.
Според информациите, утрово во 04:50 часот полициски службеници од СВР Велес извршиле службен разговор со Ф.Т. (29) од село Клуковец.
Претходно, ловочуварите пријавиле дека во близина на селото слушнале истрели од огнено оружје. Поради сомневање дека можеби станува збор за незаконит лов, тие излегле на терен, при што забележале возило во кое се наоѓал 29-годишниот Ф.Т.
При преземањето на мерките од лицето биле одземени две пушки, како и дозволата за оружје.
Од полицијата информираат дека по целосното расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.







