ПРВ.мк
Македонија

АПЕЛ ДО СИТЕ ГРАЃАНИ: Исчезна жена во Скопје - полицијата трага по неа!

АПЕЛ ДО СИТЕ ГРАЃАНИ: Исчезна жена во Скопје - полицијата трага по неа!

Полицијата трага по 86-годишна жена од Скопје, откако било пријавено дека се оддалечила од својот семеен дом во Општина Аеродром.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 30 септември во 22:00 часот во СВР Скопје, Д.Р. (76) од Скопје пријавил дека неговата тетка М.В. (86) се оддалечила од семејниот дом.

По пријавата, полициски службеници преземаат мерки и активности за пронаоѓање на 86-годишната жена.

Од МВР засега не соопштуваат дополнителни информации за околностите под кои жената го напуштила домот.