ПРВ.мк
Македонија

Историја што и денес трогнува: 42 војници го избраа животот по смртта наместо да се откажат од верата

Историја што и денес трогнува: 42 војници го избраа животот по смртта наместо да се откажат од верата
Kristal

Денеска, според православниот календар (стар стил), се одбележува споменот на Светите 42 маченици од Амореја – војводи на византискиот цар Теофил, кои останале запаметени по својата непоколеблива вера.

По поразот на Византија во битката со Сарацените за градот Амореја, тие биле заробени заедно со многу други христијани. Додека дел од заробените биле убиени или продадени како робови, овие војводи биле затворени и поминале седум години во тешки услови.

Во текот на нивното заточеништво, повеќепати им било понудено да ја променат верата и да прифатат ислам, но тие категорично одбивале. Во расправите со своите заточители, тие ја бранеле својата вера со аргументи, истакнувајќи дека вистината не се докажува со сила и победа, туку со сведоштва и духовна доследност.

И покрај сите притисоци, тие останале верни до крај. По седум години затвор, во 845 година, биле погубени. Нивните тела биле фрлени во реката Еуфрат, но подоцна биле пронајдени и достојно погребани од христијаните.

Овој настан останува симбол на истрајност, вера и жртва, кои и денес се пренесуваат како дел од духовното наследство.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo