Од синоќа на социјалните мрежи кружи апел за пронаоѓање на жена од Скопје, чија трага се губи од вчера. Според објавените информации, таа последен пат била видена во близина на Железничката станица во Скопје.
„Да се потрудиме да ја пронајдеме Мара. Последен пат видена во близина на железничка станица Скопје и од тука се губи трага. Ако некој ја забележал, слободно нека пријави на 192! Ве молам споделувајте”, стои во апелот.