Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обрати вечерва во видео на платформата X. „Во тек се итни интервенции по нападот со руски беспилотни летала врз Харков. Уште еден напад врз енергетски објект – исклучиво цивилен. Русија останува она што е“, рече Зеленски.
„Додека сите чекаат одговор од Русија на предлогот за примирје и директни преговори, тие одговараат со нови удари и напади. Затоа е неопходен притисок“, рече тој. Зеленски потврди дека украинскиот тим активно подготвува посета на Турција и дека ставот на Украина денес им бил презентиран на сите партнери.
„Ви благодарам за вашата поддршка. Секој повик за долгорочен и безусловно примирје е важен. Повиците за директни преговори на највисоко ниво се подеднакво важни. Путин е оној кој одлучува за сè во Русија, па затоа тој е оној кој мора да ја запре оваа војна. Ова е негова војна. Затоа, преговорите мора да бидат со него“, рече Зеленски.