ШТИП – Семејството и пријателите на 36-годишниот Владимир од Штип трагаат по него откако тој вчера наутро, околу 4 часот, го напуштил својот дом и од тогаш му се губи секоја трага.
Блиски на исчезнатиот на социјалните мрежи објавија апел за помош и информираа дека Владимир бил облечен во црни тренерки и е висок. Од моментот на неговото исчезнување, нема никакви информации за неговото движење или локација.
Семејството повикува сите граѓани кои имаат каква било информација поврзана со случајот веднаш да се јават во најблиската полициска станица или да ги контактираат членовите на семејството.
Случајот е пријавен и во полиција, а потрагата е во тек.