ПРВ.мк
Македонија

ИНЦИДЕНТ ВО УЧИЛИШТЕ: Малолетник прободен со нож од соученик!

ИНЦИДЕНТ ВО УЧИЛИШТЕ: Малолетник прободен со нож од соученик!

Сериозен инцидент се случил во основно училиште во скопското село Арачиново, каде малолетник бил повреден со остар предмет по конфликт со свој соученик.

Според првичните информации, повредениот ученик бил пренесен на лекување во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“, каде било утврдено дека повредата ја добил во рамки на училиштето. Настанот веднаш бил пријавен, по што надлежните институции започнале постапка.

Според досегашните сознанија, повредата му ја нанел негов соученик, но засега не се познати точните околности под кои дошло до инцидентот, ниту сериозноста на повредата.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, при што ќе се утврдува како дошло до конфликтот и кои фактори довеле до ваков сериозен настан во училишна средина.

Најнови вести