Во тек се интензивни градежни активности за поплочување во селото Дреново. Со овој проект целосно се уредуваат јавни површини на вкупна површина од 600 метри квадратни.
Со реализацијата на оваа инфраструктурна инвестиција значително се подобрува целосниот изглед и функционалноста на локацијата, а истовремено се создаваат подобри и помодерни услови за секојдневниот живот на жителите од двете населени места.
Изведувач на градежните работи на терен е компанијата „Градба Промет“.









