ПРВ.мк
Црна Хроника

СТРАШЕН ИНЦИДЕНТ: 52-годишник тешко повреден по пад од мотор!

СТРАШЕН ИНЦИДЕНТ: 52-годишник тешко повреден по пад од мотор!

На 01.06.2026 година во 18:12 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничката болница Тетово е примен 52-годишен маж од село Порој со тешки телесни повреди.

Според информациите, тој управувал мопед со скопски регистарски ознаки на булеварот „Видое Смилевски Бато“ околу 16:30 часот, кога изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот.

При падот се здобил со сериозни повреди, по што бил пренесен и згрижен во болница.

За случајот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа на СВР Тетово.