ПРВ.мк
Македонија

ШАНСА ЗА СОПСТВЕН БИЗНИС: Mладите добиваат до 615.000 денари!

ШАНСА ЗА СОПСТВЕН БИЗНИС: Mладите добиваат до 615.000 денари!

Владата го усвои Оперативниот план за вработување за 2026 година, со кој се предвидуваат низа мерки за поттикнување на вработеноста и зајакнување на економијата.

Планот беше презентиран од министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и директорот на Агенцијата за вработување Аднан Ејуп, кои нагласија дека главната цел е отворање нови работни места и подобрување на животниот стандард.

За реализација на мерките се издвоени повеќе од 40 милиони евра, а директна поддршка се очекува да добијат над 10.000 граѓани. Фокусот е ставен на младите, долгорочно невработените, лицата со попреченост, жените и корисниците на социјална помош.

Еден од клучните сегменти е поддршката за самовработување, при што младите ќе можат да аплицираат за грантови до 615.000 денари за започнување сопствен бизнис. Дополнително, се предвидени мерки за повратници од странство и за компании кои отвораат нови работни позиции.

Планот опфаќа и практикантства, обуки и програми за дефицитарни занимања, со цел полесно вклучување на невработените на пазарот на труд и развој на нивните вештини.

Со овие мерки, Владата има за цел да создаде одржлив економски раст и поголеми можности за граѓаните.