Општина Кавадарци продолжува со реализација на активностите за подобрување на локалната патна инфраструктура. Во тек се градежни работи за уредување на пристапниот пат кој води до старите градски резервоари.


На терен се работи со соодветна механизација, при што се врши комплетно порамнување и тампонирање на трасата.
Главната цел на овие активности е да се санира постојниот пат и да се обезбеди далеку побезбеден, полесен и непречен пристап до овој важен инфраструктурен објект во градот.

Општина Кавадарци и понатаму останува фокусирана на рамномерното уредување на сите делови од општината, со цел подобрување на условите за секојдневно функционирање.






