ПРВ.мк
Македонија

ГРИЖАТА ЗА СРЦЕТО Е ПРИОРИТЕТ- КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ СО СПЕЦИЈАЛНИ ПРОМОТИВНИ КАРДИОЛОШКИ ПАКЕТИ ДО КРАЈОТ НА ОКТОМВРИ

ГРИЖАТА ЗА СРЦЕТО Е ПРИОРИТЕТ- КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ СО СПЕЦИЈАЛНИ ПРОМОТИВНИ КАРДИОЛОШКИ ПАКЕТИ ДО КРАЈОТ НА ОКТОМВРИ

Во рамките на својата континуирана мисија за подигнување на јавната свест за превентивното здравје, Клиника Жан Митрев најави нов циклус на промотивни кардиолошки пакети и специјализирани дијагностички прегледи кои ќе бидат активни до 31 октомври 2026 година.

Срцевите заболувања остануваат еден од најголемите предизвици на современото време, а токму редовните прегледи се најефикасниот начин да се откријат евентуалните ризик фактори пред тие да прераснат во посериозен здравствен проблем.Во таа насока, стручниот тим на Клиника Жан Митрев креираше флексибилни пакети прилагодени на потребите на секој пациент- од основна кардиолошка проверка до напредни дијагностички испитувања на срцевиот ритам, крвниот притисок и комплетниот кардио-васкуларен систем.

Во рамките на промотивната понуда, пациентите можат да избегнат долги чекања и да добијат прецизна дијагностика изведена од врвен тим кардиолози, со користење на најсовремена медицинска опрема за изведување на сите овие постапки.

,,Превенцијата не е само избор, туку одговорност кон сопственото здравје и нашите најблиски. Со овие промотивни пакети сакаме да му овозможиме на секој граѓанин пристап во кардиолошка дијагностика по најповолни услови,” истакнуваат од Клиника Жан Митрев.

Промоцијата трае до крајот на месецот и бројот на термини е ограничен, па затоа се препорачува навремена резервација.

Закажување на термини и дополнителни информации можете да добиете директно на веб-страницата zmc.mk или преку контакт центарот на 02 3091 484.