Во Владата на Република Македонија денеска се одржа третиот Национален совет за развој, каде што градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, присуствуваше на седницата посветена на нацрт-Националната развојна стратегија 2024-2044.

Премиерот Христијан Мицкоски ја отвори седницата, истакнувајќи дека стратегијата претставува заеднички документ кој ги обединува сите фактори што сакаат да придонесат за подобра иднина на граѓаните.

„Со заеднички напори ќе создадеме услови каде што младите ќе гледаат иднина дома, да ги остварат своите соништа и да сакаат да придонесуваат за општеството,“ порача Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека Македонија има потенцијал и силна волја да стане лидер во регионот, а Националната развојна стратегија е клучен чекор во таа насока.