Полициски службеници спровеле претреси на две локации во скопско, при што биле пронајдени канабисово масло и оружје, а едно лице било лишено од слобода.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 7 октомври, во 7:30 часот, припадници на Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М. (43) од селото Глумово.
Претресите биле извршени врз основа на наредба од Основниот кривичен суд Скопје. Полициските службеници извршиле претрес во неговиот дом во Глумово, како и во угостителски објект што бил во негова сопственост во селото Сарај.
При претресите, полицијата пронашла и одзела четири шприцови со масло од канабис, пиштол „Глок“ со калибар 9х19, 88 куршуми од истиот калибар, како и ловечка пушка.
М.М. бил задржан во полициска станица. Од МВР соопштуваат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






