ПРВ.мк
Македонија

Големата премиера на „Рекет“: Боки 13 го открива своето видување за најгласниот случај во Македонија!

Големата премиера на „Рекет“: Боки 13 го открива своето видување за најгласниот случај во Македонија!

Една од најочекуваните премиери годинава е пред нас! Во среда, 15 октомври 2025 година во 20 часот, во хотел „Хилтон“, ќе се одржи премиерата на документарниот филм „Рекет – Прв дел“, зад кој стои Бојан Јовановски – Боки 13.

Настанот ќе понуди ексклузивен приказ на официјалниот трејлер и пет сегменти од документарецот, кој веќе предизвикува огромно внимание во јавноста. По проекцијата, ќе се одржи прес-конференција, на која Боки 13 ќе одговори на прашања од медиумите и ќе проговори за сите теми што со години ја интригираат јавноста.

Овој документарен проект ветува да биде нешто што ќе ја разбуди јавноста и ќе ја отвори вистината од нов агол. Според најавите, премиерата ќе биде спектакуларна, со голем број гости, медиумски екипи и јавни личности.

ПР тимот на Бојан Јовановски – Боки 13 соопшти дека присуството на настанот ќе претставува голема чест и повик до сите новинари и медиумски куќи да бидат дел од ова историско претставување.

Escape