Гласањето на избирачкото место 2603 во општина Карпош е продолжено до 20:40 часот, поради технички проблем со уредот за читање на личните карти.
Како што информираше претседателот на ДИК, Борис Кондарко, на вечерашната прес-конференција, смарт картичка се заглавила во уредот, а не било можно да се обезбеди замена.
Во меѓувреме, идентификацијата на гласачите на ова избирачко место се вршела со УВ ламба и спреј, согласно алтернативните процедури.
Кондарко додаде дека ова е единственото избирачко место во државата каде што гласањето е продолжено по 20:00 часот. На сите други места гласањето заврши во предвидениот термин.