ПРВ.мк
Македонија

(ФОТО) ВАНДАЛИЗАМ ПО УКРАСУВАЊЕТО: Не помина ни една недела, а веќе има уништени макети и украдена елка!

(ФОТО) ВАНДАЛИЗАМ ПО УКРАСУВАЊЕТО: Не помина ни една недела, а веќе има уништени макети и украдена елка!
Kristal

Само една недела по украсувањето на плоштадот „Македонија“ во Скопје, дел од новогодишната декорација веќе е оштетена. Според информации од Скопје1.мк, од просторот е украдена една елка, а четири макети, меѓу кои и адвент-календар, се целосно уништени.

Овој инцидент предизвика бурни реакции кај граѓаните, кои преку социјалните мрежи го осудуваат неодговорното однесување и уништувањето на јавниот простор, особено во периодот на празнично украсување на градот.

Засега нема официјални информации дали случајот е пријавен и дали ќе се спроведе истрага за утврдување на одговорност. Градските власти се очекува да дадат дополнителни детали за инцидентот и мерките кои ќе ги преземат за заштита на празничната декорација.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape