ПРВ.мк
Македонија

(ФОТО) СЕ БАРА ИТНА ПОМОШ: Исчезната жена со деменција последно видена во Црниче – семејството моли граѓаните да помогнат!

(ФОТО) СЕ БАРА ИТНА ПОМОШ: Исчезната жена со деменција последно видена во Црниче – семејството моли граѓаните да помогнат!

Семејството на Златица Бојчевска упати јавен апел за помош во потрагата по нејзината мајка, која исчезнала на 26 мај околу 3:15 часот наутро во Скопје.

Според информациите споделени преку социјалните мрежи, жената последно била забележана во дворот на основното училиште „Петар Поп Арсов“, а потоа и во населбата Црниче, во близина на маркетот „Рептил“.

Семејството информира дека исчезнатата жена боледува од деменција, што дополнително ја отежнува потрагата и ја зголемува загриженоста за нејзината безбедност.

Во моментот на исчезнувањето, таа била облечена во розови тренерки и блуза со црно-бели пруги, што може да помогне во нејзиното препознавање.

Семејството апелира до сите граѓани кои можеби ја забележале или имаат каква било информација веднаш да се јават на телефонскиот број 070 399 945.

Потрагата продолжува, а блиските бараат помош од јавноста за што побрзо пронаоѓање на жената.

Најнови вести