ПРВ.мк
Македонија

(ФОТО) Невремето пристигна во Македонија: УХМР со предупредување, дожд и грмежи веќе зафатија делови од земјата!

(ФОТО) Невремето пристигна во Македонија: УХМР со предупредување, дожд и грмежи веќе зафатија делови од земјата!

Нестабилното време веќе започна да се чувствува во Македонија, а најновите радарски податоци покажуваат дека првите врнежи и грмежи се појавиле во неколку региони.

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), моментално најизразена нестабилност има во југозападниот дел од државата, поточно во Преспанскиот регион, каде што се регистрирани умерени врнежи од дожд проследени со ретки грмежи.

Паралелно со тоа, нестабилна облачност започнала да се развива и над планинските подрачја во североисточниот дел на Македонија. Овие облачни системи носат услови за пороен дожд и локални електрични празнења.

Метеоролозите предупредуваат дека временската состојба во текот на денот може дополнително да се менува, а нестабилноста постепено да се прошири и кон други делови од земјата.

Од надлежните се препорачува зголемена внимателност при движење, особено во подрачјата каде што има појава на поројни врнежи и грмежи. Граѓаните се советуваат редовно да ги следат најновите временски информации и предупредувања.

Невремето доаѓа по период на високи температури, а промената на временските услови може да донесе краткотрајни, но интензивни врнежи во одредени региони.