Полицијата приведе 37-годишен маж од Велес по инцидент што се случил на регионалниот пат Чашка–Велес, каде според пријавата агресивно се однесувал кон друг возач.
Од МВР информираат дека на 1 мај 2026 година, во 17:00 часот, бил лишен од слобода Т.Р. од Велес. Според пријавеното, тој управувал автомобил „опел“ со кумановски регистарски ознаки и при претекнување му упатувал закани на 28-годишен велешанец кој возел „форд“.
Потоа го следел возилото, а кога другиот возач застанал, Т.Р. удрил во неговиот автомобил. По кратко напуштање на местото, повторно се вратил и му се заканил со остар предмет.
Предметот бил пронајден и одземен од полицијата. При проверка било утврдено дека Т.Р. бил под дејство на алкохол, со измерени 1,26 промили.
Лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.







